ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: Од 1 јули нема да се плаќаат повисоки сметки за струја

Од 1 јули до крајот на годината граѓаните нема да плаќаат поскапа струја, уверува министерот за економија, Крешник Бектеши.

Advertisements

Тој вели дека со министерот за финансии, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но, им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има.

„Можам уште од денеска да им соопштам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја од 1 јули до крајот на годината. Кој ќе биде моделот тоа заеднички ќе го дефинираме во склоп на Енергетскиот совет“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button