ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: Со законот за нефер трговски практики рабатот максимум 10 отсто, цените на производите ќе се намалат

Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.

Advertisements

-Не само што ќе има намалување на цените, туку и ќе се подобри квалитетот на производите. Во законот е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат или годишните надоместоци кои би можеле купувачите, во овој случај ланците супермаркети, да ги бараат од производителите и добавувачите. Рабатот сега надминува 30 – 40 отсто од производствената цена, а со законот ќе биде најмногу 10 отсто и во рамки на тоа маркетите ќе конкурираат меѓу себе што ќе влијае врз намалување на цените, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button