ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: Субвенции од 20.000 денари за вградени ПВЦ прозорци

Министерството за економија оваа година ќе го зголеми буџетот во делот на реализација на програмата за промоција на обновливи извори на енергија, како и поттикнување на енергетската ефикасност. Ќе се доделуваат субвенции од 20.000 денари за вградени ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за поставување на фотонапонски централи во домаќинствата, информираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој рече дека во фокусот на Министерството за 2023 година, освен справувањето со ценовната криза е и енергетиката и спречувањето на кризата во делот на рестрикции со електрична енергија и во делот на неможноста на снабдување со топлинската енергија.

-Министерството за економија, како и претходните години, нема да го скрати буџетот, но во спротивно, ќе го зголеми во делот на реализација на програмата за промоција на обновливи извори на енергија, како и поттикнување на енергетската ефикасност. Средствата во оваа програма се во вкупен износ од 70 милиони денари кои ќе се користат за реализација на следните мерки, информираше Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button