ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши: Трговците да не бараат алиби и да ги намалат цените

Бектеши: Трговците да не бараат алиби и да ги намалат цените

Компаниите од прехранбениот сектор немаат простор за алиби и ќе мора да ги намалат цените на своите производи за најмалку 10 отсто. Ова е пораката која денеска им ја испрати министерот за економија Крешник Бектеши на фирмите кои ќе користат субвенционирана електрична енергија од државата. Неговите информации се дека за добар процент се намалени и суровините кои ги набавуваат од странство, и поради тоа Бектеши смета дека од први декември мора граѓаните да почувствуваат разлика во цените. До крајот на првата недела од декемви цените на храната мора да се намалат од пет до 13 отсто.

„Тренд на намалување на цените има, мислиме дека има дополнителен простор уште да се намалат цените на производите за крајните потрошувачи“,изјави Крешникм Бектеши министер за економија.

Инспекторите пак ги предупредуваат трговците максимално да ги почитуваат законските решенија. Директорката на Државниот пазарен инспекторат вели дека во последниов периот се намалуваат обидите трговците да ги изигруваат правилата се со цел да остварат дополнителен профит.

„Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата и што се случува на пазарот им Државниот пазарен инспекторат како најголем и најнадлежен ќе биде секој ден  на терен со цел на бидат заштитени правата на потрошувачите“, рече Анета Симеска Димоска Директорна на ДПИ.

Близу 1000 мали и средни компании од први декември ќе добијат струја за своето производство по цена од 80 евра за мегават час.  Оваа цена компаниите кои ќе потпишат договор со владата  ќе ја користат до крајот на април./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button