Бектеши: Цените на прехранбените производи ќе се намалат

Има доволно количини на основните прехранбени производи кои се од домашно производство, уверува министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска посети компанија за производство за масло за јадење – производ кој се продава по набавна цена.
„Ситуацијата воедно посебно со инвазијата на Русија во Украина се влошува во делот на економската криза глобална, но ние ги ставивме сите наши домашни капацитети и инситуционални и приватни капацитети преку инвеститорите и преку сопствениците, се со цел што подобро да се справивме со оваа економска криза и сум убеден дека тоа ќе го постигнеме“, изјави Крешник Бекши, министер за економија
Компаниите велат дека трошоците за производство се зголемени за 20 до 30% од претходно, но производителите на маслото за јадење уверуваат дека имаат залихи на суровини за во наредните три месеци.
„Нема да имаме проблем за масло и навистина нема потреба да се прави и да се трупаат залихи од граѓаните, непотребно да ги трошат своите средства за набавка на големи колични на масло за јадење.
По неконтролираниот извоз во време на криза, од вчера забранет е извозот на пченицата, пченката, брашното, јачменот, маслата и семињата од сончоглед. Само во последните 10 дена од земјава домашните прозиводители во странство продале 416 тони зејтин. Маслото за јадење во регионот се продава поскапо отоколку кај нас”, рече Сашо Наумоски, бизнисмен /Алсат.мк
Игор Стефановски