ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: За неосновано зголемување на цените, забрана за работа на трговците

Бектеши: За неосновано зголемување на цените, забрана за работа на трговците

Доколку има потреба ќе се преземат и вонредни мерки за поскапувањето на прехранбените производи, но тие можат да бидат уште поригорозни доколку се констатира неконтролирано и неосновано поскапување. Мерките може да вклучуваат и забрана за работа. Ова го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој неделава одржи состанок со државниот пазарен инспекторат, кој ќе добие директиви да постапува согласно законот за заштита на потрошувачите.

„По потреба можеме да преземеме и привремени мерки, но мојот личен став и на Министерството за економија е дека кога има неконтролирано поскапувања кои се неосновани, според информациите што ги добив денеска, доколку има здруженија на одредени сектори, јас сум за тоа да се помине законот за заштита на потрошувачите кој предвидува поригорозни мерки, мерки за прекршоци кои се усогласени во прекршочниот закон и знаете кои се најригорозните мерки, има и одредби за забрана за извршување на активност“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Стопанските комори не се согласуваат со мерките на Владата, но бараат пазарот да биде слободен во одредувањето на цените врз основа на побарувачката и понудата. Според Стопанската комора на северозападна Македонија, со цените треба да се занимава комисијата за заштита на конкуренцијата, но да има и намалување на ДДВ и интервенција кај државните резерви.

Од Министерството за економија велат дека сите одлуки ќе се носат врз основа на следните анализи, а со вклученост на сите надлежни институции. По укинувањето на владините мерки, голем број прехранбени производи бележат големо поскапување, што предизвика реакции во јавноста бидејќи не се совпаѓаат со светските случувања каде има намалување на цената на горивата и струјата.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button