МАКЕДОНИЈА
Бела: И лекарите и другите професии треба да бидат наградени за работата што ја работат

Економистот Буњамин Бела во „Патот кон“ на Алсат рече дека економските прашања се гласен показател за миграцијата. Тој посочи дека лекарите како и другите професии треба да бидат наградени за работата што ја работат.
„Генерално, феноменот на миграција низ светот е доста контроверзен и според истражувањата и извештаите се гледа дека некаде во 160-те земји кои се истражуваат, има 700 милиони луѓе кои вршат ваков тип на миграција. Во државата каде што живееме, без разлика дали се доктори или други професии, тие треба да ја добијат наградата за работата што ја работат. Гледаме дека обично економските прашања се гласен показател за овие миграции“, рече Бела.