СВЕТ

Белата куќа ги повика сенаторите да се спогодат околу помошта за Украина, Трамп е против

Белата куќа синоќа ги повика сенаторите да се спогодат околу долгоочекуваната и витална помош за Украина и безбедна граница по извештаите за тоа дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор, се обидел да спречи таква спогодба.

Advertisements

Дел од американските медиуми јавуваат дека Трамп преку спикерот на Претставничкиот дом ги повикал републиканците да не гласаат за договор и со тоа демократскиот претседател Џо Бајден да се лиши од политичка победа пред ноемвриските избори.

Само пред неколку денови се чинеше дека републиканците и демократите во Сенатот се пред договор за воена помош за Украина и борба со нелегалната имиграција на мексиканската граница.

За Трамп, имиграцијата е главна точка во неговата изборна кампања да се врати во Белата куќа и тој одамна е против зголемувањето на помошта за Украина. Додека беше претседател, тој го услови пружањето помош за Украина во замена за Киев да сподели компромитирачки материјал за Џо Бајден и бизнис зделките на неговиот син во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button