ВЕСТИСВЕТ

Белгија го презема претседателство со ЕУ

Белгија денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ. За време на своето претседавање, Белгија во следните шест месеци ќе се фокусира на шест тематски области и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина, се наведува на веб-страницата на претседателството со Унијата.

Advertisements

Претседателството ќе работи на одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството на ЕУ, зајакнувањето на конкурентноста на блокот, зелената и правична транзиција, зајакнувањето на социјалната и здравствената агенда, заштитата на луѓето и границите, како и промовирање на глобална Европа.

Ова е тринаесетто ротирачко претседателство на Белгија со ЕУ.

За време на белгиското претседателство, на почетокот на јуни ќе се одржат европските избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button