
Третина од Белгијците постари од 74 години никогаш не користеле Интернет, покажа најновото истражување на националната статистичка служба Статбел.
За прв пат оваа година, Статбел ги истражуваше навиките за користење на Интернет кај населението на возраст од 75 до 89 години, пишува The Brussels Times.
Истражувањето покажа дека 35 отсто од белгиските граѓани на возраст над 74 години никогаш не користеле интернет, а 60 отсто од луѓето од таа генерација го користат редовно, додека пет отсто не го користеле во последните три месеци.