ВЕСТИСВЕТ

Белгиската полиција извршила претреси во канцеларии на Европскиот парламент

Полициски екипи денеска извршиле претреси на повеќе локации во Брисел во врска со сомневања за „руско мешање“ во Европскиот парламент, пишува порталот Политико.еу (Politico.eu) повикувајќи се на соопштение на федералниот обвинител.

Претресите, како што се наведува, биле извршени во приватна резиденција во Брисел и во канцелариите на Европскиот парламент во Стразбур и Брисел.

Advertisements

Акцијата, според веб-порталот, е поврзана со таканаречениот случај „Рашагејт“, каде што постојат сомнежи дека на европратеници им било пристапувано и биле плаќани да промовираат руска пропаганда преку веб-страницата на Гласот на Европа.

„Постојат индиции дека засегнатиот вработен во Европскиот парламент одиграл значајна улога во ова“, рекле белгиските органи за спроведување на законот, пренесува „Политико“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button