ЕКОНОМИЈА

Бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалува, цените на другите горива остануваат непроменети

Бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалува, цените на другите горива остануваат непроменети

Регулаторната комисија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 6.6.2024 година.

Од 8.6.2024 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 82,00 (денара/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95, како и на ЕВРОДИЗЕЛот (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,400 %, кај дизелот 3,643 %, кај екстра-лесното масло 3,924 % и кај мазутот намалувањето е 2,119 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,024 %.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button