Бербок: Иран е на погрешната страна на историјата
Бербок: Иран е на погрешната страна на историјата

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок остро го критикуваше иранското раководство за бруталното задушување на протестите поради смртта на една жена приведена поради непочитување на исламскиот кодекс на облекување, јави ДПА.
„Секој кој тепа жени и девојки на улица, киднапира луѓе кои не сакаат ништо друго освен да живеат слободно, самоволно ги апси и ги осудува на смрт, е на погрешната страна на историјата“, рече Бербок во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“, објавено денеска.
Според неа, Европската унија ќе воведе забрана за влез на лицата одговорни за задушување на протестите и ќе им го замрзне имотот во Унијата. ربح مال حقيقي
Иран со недели е зафатен од протести по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена од полицијата за морал во Техеран поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата. Не е јасно што ја предизвикало смртта на Амини. الرهان الرياضي Критичарите ја обвинуваат полициската бруталност, но властите инсистираат дека таа починала од срцева слабост. سباق الحصان
По смртта на Амини, имаше протести низ целата земја, а и на меѓународно ниво, против иранското раководство и особено против џихадот. Протестите во Исламската Република стануваат се поинтензивни и траат веќе четврта недела, а според набљудувачите се зголемува нивото на граѓанска непослушност.
„Повиците на луѓето на улиците на Иран за самоопределување се оглушувачки“, вели Бербок.
Безбедносните сили одговорија на протестите со крваво задушување, како што е наведено, со десетици убиени и голем број повредени.