Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, изјави дека ќе побара нови санкции против Москва по ненадејната смрт на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор во северна Русија.
Видовме брутална сила со која рускиот претседател Владимир Путин ги репресира граѓаните што бараат слобода на улиците. Ќе воведеме нови санкции поради смртта на Навални, изјави Аналена Бербок во Брисел, каде штпо се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ).
И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, најави дека Брисел ќе воведе санкции против Москва бидејќи Путин има голема одговорност за смртта на Навални, пренесува „Ројтерс“.