Берлин организира Олимписки игри по пауза од 89 години?!

Берлин официјално ја презентираше својата кандидатура за домаќин на Олимписките игри на стадионот каде што беа отворени Игрите во 1936 година. Берлин веќе беше домаќин на Олимписките игри пред 89 години, а тие беа одбележани од американскиот атлетичар Џеси Овенс, кој освои четири златни медали пред нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Министерката за спорт на Берлин, Ирис Шпрангер, изјави дека градот сака да организира одржливи Олимписки и Параолимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година, користејќи ги постојните спортски објекти.
Три други градови или региони, исто така, сакаат да бидат домаќини на Олимписките игри се Минхен, Хамбург и регионот Рајна-Рур, а Германската олимписка спортска федерација ќе одлучи за германскиот кандидат до есента 2026 година.
Следните летни олимписки игри се закажани за 2028 година во Лос Анџелес, а четири години подоцна во Бризбејн.