Беса, Алтернатива и Демократското движење со интерпелација против Јовески

Албанската опозиција бара да се соочат со главниот обвинител Љубомир Јовески преку интерпелација иницирана во Собранието преку која бараат објаснување како изгореле 14 лица во модуларната болница во Тетово. Беса, Алтернатива и Демократско движење велат дека постојат сомневања дека обвинителството предводено од Јовески криело факти и бараат иницијативата да биде ставена на дневен ред во рокот утврден со деловник, односно 15 дена од денот на доставувањето.
„Сметаме дека улогата на јавниот обвинител Љубомир Јовески во овој случај стана предмет на сомневање и затоа бараме јавна одговорност и појаснување. Оваа интерпелација има за цел да покрене во Собранието јавна расправа за наводите дека Јавното обвинителство криело факти и информации низ целата постапка за некако да ги заштити политиката и членовите на бизнис елитата кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои биле предмет на оваа трагедија“, рече Мерита Коџаџику, Демократско движење.
ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека ќе ја поддржи иницијативата за интерпелација против Јовески.
Мнозинството се уште немаат став. Од СДСМ велат дека ќе ги разгледаат образложенијата во иницијативата за интерпелација против обвинителот, а потоа ќе се изјаснат. Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери нема коментар за интерпелацијата против Јовески.
Фатлуме Дервиши