ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
БЕСА: „ДУИ лажеше дека има договор и оти наставата утре продолжува“

Движењето БЕСА во својата реакција за штрајкот попладнево ја обвини ДУИ дека лажела кога тврдеше дека е постигнат договор и оти наставата ќе продолжи.
„ДУИ со нејзините ниски методи секој ден сè повеќе ги лаже граѓаните. ДУИ повторно лажеше дека наводно бил постигнат договор наставата да продолжи од понеделник. Со ваквите постапки ДУИ се обидува да им врши притисок ан вработените во образованието“, наведуваат од БЕСА, кои им дадоа поддршка на синдикатите да продолжат со штрајкот. /Алсат.мк