ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА: Етничката припадност во личните карти става крај на политичката злоупотреба со вработувањата

Целта на етничката графа во личните карти е за да се стави крај на политичките неправди воглавно за време на вработувањето во државната администрација. Ова е најсилниот аргумент на Движењето Беса кое ги условуваше уставните измени за промена на името на државава, но и предизборната коалиција со СДСМ, со измена на Законот за лични карти.

Advertisements

Сметаме дека преку етничката графа може да се надминат многу недостатоци во функционирањето на разни институции, особено за време на апликациите во јавните услуги. Честопати и вие посочувавте на разни злоупотреби кога граѓани Македонци се декларирале Албанци и Турци и обратно. На овој начин ќе ставиме крај на овие злоупотреби што произлегуваат од политиката -изјави Фадил Зендели, Пратеник на Беса.

Зендели вели дека етничката графа не е новина за С. Македонија, туку се применува во некои земји од ЕУ и во САД.

Има земји од ЕУ и други земји кои предвидуваат етничка припадност, како што се Шведска, Швајцарија, Италија, Кипар итн. Постојат и федерални држави во САД кои имаат етнички графи. Значи, тоа не е нешто што е ново и дека се случува за прв пат во Северна Македонија – рече Фадил Зендели, Пратеник на Беса.

Но, поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, моментално пратеник на Демократски сојуз, вели дека етничката графа ќе го гетоизира општеството, ќе овозможува права на колективен начин, наместо индивидуално.

Трајанов додава дека треба да се отвори јавна дебата за етничката припадност во личните карти и да се консултира Венецијанската комисија.

Аргументи против етничката припадност во личните карти имаат и партијата Левица која преку 1.230 амандмани бара отфрлање на предлогот. Според нив, етничката графа го гасне националниот концепт на државата и се применува главно во тоталитарните земји. Европскиот амбасадор во Скопје, Дејвид Гир, исто така се изјасни против етничката припадност во личните карти, потенцирајќи дека таквата практика ќе биде отстранета и во оние земји на ЕУ кои ја применуваат со цел да се заштитат личните податоци.

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button