МАКЕДОНИЈА

БЕСА: Насер Зибери не ги штити граѓаните, туку ДУИ

Беса ја обвинува институцијата Народен правобранител за екстремна политизација. Според оваа партија, правобранителот Насер Зибери е под влијание на ДУИ. Овие обвинувања на албанската опозиција следуваат откако во емисијата „200“ на Алсат Насер Зибери не зборуваше за граѓаните и нивните права, туку за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој, според Беса, му станал свој личен адвокат. Според оваа партија, недозволиво и спротивно на највисокиот правен акт на една држава и нејзиното позитивно право е народниот бранител јавно да искажува политичка неклонетост.

Advertisements

„Ја изразуваме нашата огорченост во врска со изјавата на Насер Зибери дадена во емисијата „200“ на Алсат во која тој изјави дека кога ќе дојде моментот, ќе седне и ќе разговара со „претседателот Ахмети“, не за правата на граѓаните, туку за можноста за остварување на функцијата премиер, обраќајќи се кон претседателот на ДУИ со зборовите „претседател“, „лидер“, „учител“, „првиот“. Со ова ни покажува дека тој не зборува за заштита на народот, туку зборува во својство на член на ДУИ. Сметаме дека примарна функција на институцијата Народен правобранител е да ги штити уставните и законските права на граѓаните кога тие се повредуваат или кога се загрозува нивното право со дејствија, постапување или непостапување на органите на државната управа и другите органи кои вршат јавни овластувања“, рече Фатмир Сабриу, Движење Беса.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button