ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беса не верува дека Владата ќе ги изгради коридорите 8 и 10-д

Движењето Беса не верува дека Владата ќе го реализира проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д. Потпретседателот на партијата Фатмир Лимани рече дека ДУИ 20 години на власт не го направила проектот за канализација во Зајас, ниту го исполнила ветувањето за болницата во Кичево. Лимани во емисијата 200 што се емитува вечерва во 22:15 часот во Алсат зборуваше и за незаконскиот имот на лидерот на партијата Али Ахмети и други партиски функционери.

Advertisements

„Проект кој чини 2 милијарди евра ќе го спроведе партија предводена од лидер кој 20 години ветува канализација во Зајас која чини не повеќе од 200 илјади евра. И тие ќе прават проект од 2 милијарди евра? 20 години ја преиспитуваат фекалната канализација, нема тоалети во Зајас, најпрвин тие нека ги поправат, па тогаш ќе зборуваме за овие крупни проекти. Дали навистина мислите дека ќе реализираат проект од 2 милијарди евра, а кичевската болница за која неколку пати се издвојуваа по 1 или 2 милиони евра е претворена во штала, а сите жители на Кичево доаѓаат во Скопје или одат во странство да се лечат. Дали навистина мислите дека ќе инвестираат 2 милијарди евра и дека Светска банка ќе им верува, дека не ги гледа дека украле средства од Министерството за образование за издавање на книги за учениците“, вели Лимани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button