ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА: СДСМ и ДУИ повеќе ги поддржуваат Србија и Русија од ЕУ

Движењето БЕСА ја обвинува владата на СДСМ и ДУИ дека ги поддржува Србија и Русија повеќе од Европската унија. Потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, вели дека преку коцкањето и брзите кредити, Владата ги исполнува руско-српските интереси во Северна Македонија.

Advertisements

„За тесни лични, групни и партиски интереси, лидерот на ДУИ, заедно со неговиот брат Ковачевски, преку антинационални проекти од типот на Отворен Балкан и организиран криминал, ја водат земјата кон српско-руските интереси, кои за жал отстапуваат од евроинтегративниот пат и стратешките политики на САД во последните три децении. Ги повикуваме Вашингтон и Брисел да бидат построги во овој поглед, со нивните пораки до криминализираната влада, да се откажат од корупцијата што ја зафати секоја пора на нашата земја“,, рече Лимани.

И лидерот на Демократското движење Изет Меџити пред неколку дена во интервју за Алсат ја обвини владата дека го отвора патот за српското подземје, вклучувајќи го и Милан Радоичиќ.

„Постојат индикации дека рускиот капитал е директно вклучен, а и Радоичиќ за кој се зборува во Северна Митровица е директно вклучен, бидејќи сите знаеме дека таму функционираше бандитизмот, перењето пари, сè што има врска со црната економија функционираше“, вели Меџити.

Опозицискиот Фронт ја повика Алијансата за Албанците да се откаже од криминалната влада.

„Уште еднаш упатувам барање, и ги молам да се придружат на албанскиот опозициски субјект, бидејќи, бидете убедени дека, седум осум години во опозициски дух, опозицискиот гласач на Алијансата не заслужува Алијанса денес да е составен дел на една криминална влада. И јас самиот бев дел од сегашното раководство и не случајно заминав од таму“, додава Лимани.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button