ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА: Сменетата директорка работеше незаконски

По одлуката на министерот за образование да ги преземе надлежностите од Општина Тетово за именување и разрешување на директорот на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Движењето Беса ја обвинува поранешната директорка на гимназијата дека кога била на чело на оваа институција најмногу се занимавала со политиките на ДУИ отколку со функционирањето на гимназијата. Од оваа партија го обвинија и министерот за образование дека работи по партиски директиви и во спротивност со Законот.

Advertisements

„Направени се големи злоупотреби и при реализација на градежните работи, при што не е склучен договор за набавка како што предвидува Законот, туку договорите се направени во четири очи и само за бекатон плочките се потрошени повеќе од 298.000 денари“. „Јавно го прашуваме министерот Шаќири, Јетон, дали сте свесен дека ја носите оваа одлука по нарачка за да им се одмаздите на тетовци или едноставно ги следите наредбите на вашиот шеф. Јетон, дали ги штитиш луѓето кои ја злоупотребиле својата должност, го уништиле образованието и го злоупотребиле училишниот буџет, спротивно на Законот“, рече Беса Кадриу, Движење БЕСА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button