МАКЕДОНИЈА

БЕСА: Со Алијанса, животот на Владата ќе ѝ се продолжи само 2-3 месеци

ВМРО-ДПМНЕ бара од првиот човек на Алијанса за Албанците да каже кој е меѓународниот фактор што сака неговата партија да влезе во Владата. Македонската опозиција се сомнева дека образложението на Таравари не е искрено.

Advertisements

„Јавно го прашуваме господинот Таравари кој е тој меѓународен фактор кој бара Алијанса да стане дел од Владата? Сè додека Таравари молчи и не го покажува факторот, ова докажува дека тој не е искрен и има други причини зошто сака дека влезе во Влада“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијанса одговорија дека „на сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот“.

„Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворна. Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?“, наведоа од Алијанса за Албанците.

Во меѓувреме, според Движењето Беса, дури и ако Алијанса влезе во Владата, земјата ќе оди на предвремени избори.

„Нема сериозна заложба на СДСМ како што има на ДУИ да создаде ново парламентарно мнозинство со внесувањето на Алијанса и на некој начин мислат дека со ова можат уште повеќе да ја туркаат својата Влада. Политичката и институционалната криза е многу длабока, нема излез во овој пратенички мандат, а државата навистина треба да оди на предвремени избори. Влегувањето на Алијанса за Албанците може да ѝ даде живот на Владата 2-3 месеци, повеќе не“, рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Од владејачката Алтернатива пак, велат дека Алијанса влегува во Владата за да ѝ ги пополни на ДУИ пратеничките места што ѝ недостасуваат.

„Единствената причина за која имаме генерално објаснување е поради немањето број на пратеници од ДУИ поради случувањата што се случуваат таму. Ми се чини дека во овој случај Алијанса за Албанците влегува во овој состав за да ја спаси загубата на бројките што ги има ДУИ“, рече Зеќирја Ибрахими, Алтернатива.

Ибрахими додава дека ако се загрози договорот меѓу Африм Гаши и Зоран Заев за министерските места на Алтернатива, тогаш тој лично ќе побара од Генералниот совет партијата да премине во опозиција.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button