ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
БЕСА со поддршка за штрајкот во образованието

Во поддршка на наставниците и воспитувачките излезе и Движењето БЕСА. Од оваа партија велат дека наставниците заслужуваат подостоинствена позиција во општеството, бидејќи платите се под секое човечко достоинство. „Премиерот и министерот многу добро знаат дека овие примања на наставниците не го чуваат достоинството на семејството и честа на наставникот, па наместо да им се закануваат и притискаат, треба да вложат напори да ги исполнат барањата на СОНК и на оние кои власта ги прифати со колективниот договор“, додаваат од Движењето Беса. /Алсат.мк