БЕСА: Тргање на „20%“, па поддршка за Бугарите во Уставот

Отстранувањето на формулацијата „20 отсто“ од Уставот ќе биде еден од условите на Движењето Беса за да го поддржи внесувањето на Бугарите во Уставот. Арафат Шабани од оваа партија вели дека е многу понижувачки тоа што албанскиот јазик е означен како 20%, додавајќи дека има услови од сите политички фактори тоа еднаш засекогаш да се реши. Шабани беше прашан и за можна соработка со опозицијата, на што одговори дека за коалиција се потребни две партии.
„Прво, очекуваме многу порационален пристап од македонската страна во однос на прашањето за ‘20%’, имајќи предвид дека свеста е зголемена и Македонците најдобро го разбираат ова прашање. Мислам дека статусот на македонскиот јазик треба да се реши еднаш засекогаш, не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. Исто и статусот на албанскиот јазик, бидејќи е многу понижувачки албанскиот јазик да се идентификува како ‘20%’. Мислам дека тука има услови од сите членови на политичкиот фактор да се реши и од тоа да не се очекуваат политички поени“, рече Шабани.