
Одлуката за замрзнување на цените на основните прехрабени производи е времена мерка, бидејќи следната година се очекува стабилизација на цените и на глобалниот и домашниот пазар. Според министерот за финансии Фатмир Бесими по јуни следната години може да се очекува намалување на стапката на инфлација. Сепак доколку треба ќе се креираат дополнителни мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови вели Бесими
„Ние ги следиме анализите на светско ниво, таму се очекува дека инфлацијата во втората половина од следната година ќе се стабилизира, и проекциите наши, официјални се 2,4 проценти, 2021 со 3 проценти а од 2023 се проекти стапката на инфлација да биде стабилизација на 2 проценти. Не се очекува во втората половина на годината да има некој тренд на поскапување на цените на глобално ниво и на домашниот пазар“, рече Бесими.
По реакцијата на бизнис заедницата дека наместо ограничување на цените, треба да се воведе замрзнување на маржите, односно заработката на трговците и фирмите, Бесими вели дека тоа го диктира самата пазарна економија. Одлуката за замрзнување на цената на лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, млекото, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата ќе трае до 31 јануари, а според најавите на министерството за економија оваа листа ќе може и дополнително да се проширува.
Андреа Чобанова