Бесими: Новите антикризни мерки значат заштита на десетици илјади работни места

Собранието вчера ги усвои законите за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност за исплата на плати, со што се создадоа законски услови за спроведување на оваа мерка на држана помош, информира на денешната прес-конференција минситерот за финасии Фатмир Бесими.
Оваа мерка, како прво, според Бесими, ќе претставува мрежа за заштита на дестици илади работни места во државата, односно ќе овозможи голем број работници да ги задржат своите работи места во овој период на криза.
Второ, за илјадници број вработени таа ќе значи задржување на истото ниво на плата. И трето, оваа е финансиска инејкција од 70 милиони евра во стопанството, односно внесување на средства и стимулирање на економската активнот во овој период на криза, додаде Бесими.
Двата закони, како што нагласи Бесими, се само дел од 12 закони и законски измени за 22 мерки од вкупно 31 мерка од четвртиот пакет помош, што се во надлежност на Министерството за финансии. Тој додаде дека од овие 12 закони, три се веќе усвоени, а остантите се во собраниска процедура или се изготвени и се ставени на јавна консултација на ЕНЕР.
– Мерките од Четвртиот пакет кои се во надлежност на Министерството за финансии, и кои беа овозможени со ребалансот на Буџтетот може да се категоризираат во четири категории, како: мерки за директна финансиска поддршка на фирмите, мерки за финансиска поддршка на граѓаните, даночни олеснувања и мерки во насока на системски решенија. Со овие средства ќе се даде поддршка на приватниот сектор и граѓаните за време на вториот ковид-бран, а понатаму ќе дадат поддршка во заздравувањето. Многу е важно да се истакне дека овие мерки се дизајнирани така да дејствуваат позитивно и на страната на понудата и на страната на потрошувачката и на тој начин да ги амортизираат последиците од кризата, рече Бесими.