Бесими: Цените на храната и енергенсите ќе растат

Цените на храната и енергенсите ќе продолжат да растат, јавниот долг на земјата ќе достигне 63,5 проценти од бруто-домашниот производ, и ќе се продлабочува буџетската дупка. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека првите знаци на стаглфација се наговестуваат, односно дека економскиот раст на земјава забавува, а од друга страна расте стапката на инфлација.За креирање на нови мерки за помош, ќе се прекројува државната каса во мај или јуни со што ќе се кратат капиталните проекти и непродуктивни трошења. Повеќе од еден месец се чека и издавање на нова еврообврзница но засега каматните стапки за високи вели Бесими.
„Очигледно ние со ребалнсот ќе одиме со зголемување на дефицитот тоа е неизбежно, за да можеме навремено да реагираме и со обем соодветен. Ако зборуваме за финансирање од 600 милиони евра за разлика од 1,6 до 3,5 посто тоа се значајни 25 милони евра само за камата, ништо да не се случи да излеземе утре на пазарот би платиле дополнително, ние еден месец спремни со документите не излегуваме на пазарот затоа што на тој начин ќе имаме дополнителни трошоци“, изјави министерот Бесими.
Гувернерката на НБРМ вели дека по една декада се бележат вакви стапки на инфлација, мерки се потребни за најранливите граѓани. По одлуката за зголемување на каматната стапка вчера, Бежовска вели дека ќе се следат движењата за можно активирање на монетарната политика.
„Сега многу е важно да се превземат мерки ова е еден нов шок на понудата со кои повторно за жал се соочуваме, и мора да се превземат мерки особено да се неутрализираат ефектите кај сегментите кои што се најмногу погодени, најралнивите категории, меѓутоа од друга страна мора внимателно да се дефинира просторот за рационално користење на сите средства кои што ги има државата“, рече Бежовска.
Инфлацијата, според податоците на Статистика, минатиот месец достигна 8,8 проценти. Најголем раст на цените на основните прехранбени производи, млекото за 7,3 проценти, лебот за 5 проценти, маслото за 1,8 процент и зеленчукот и овошјето за 1,3 проценти. Покрај храната, горивата бележат раст од 6,1 процент, а гасот за домаќинствата за 8,2 проценти.
Андреа Чобанова