
Почнува разврската за шампионската титула. Утрешното 31.коло го носи дербито меѓу Шкупи и Шкендија на Чаир.
Раководството на Шкупи одреди бесплатен влез за утрешниот дуел, со оглед дека на фудбалерите и на тренерот Ернест Ѓока ќе им биде потребна поддршка од трибините.
Истовремено, Шкупи побара од своите фанови да се однесуваат цивилизирано и да нема инциденти, без разлика што се работи за дерби натпревар кој секако носи поголема тензија.