ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бесплатно кафе во Тафталиџе ако се јавите на 143 400

Бесплатно кафе во Тафталиџе ако се јавите на 143 400

Сопственик на кафуле во Тафталиџе најде поинаков начин како да им помогне на турскиот и сирискиот народ.

Advertisements

Новинар: Здраво!

Сопственик на бар: Здраво!

Новинар: Сакам да нарачам еспресо.

Сопственик на бар: Кратко или долго?

Новинар: Кратко.

Новинар: Благодарам!

Новинар: Колку да платам?

Сопственик: Не треба ништо да плаќате. Само јавете се на 143 400.

Новинар: Значи, овој начин го најдовте за да им помогнете на турскиот и сирискиот народ?

Сопственикот: Тоа е сè што можеме да направиме. Ти можеш толку. Едно кафе. Пратете порака, донирајте 100 денари. Помалку или повеќе, да им помогнеме на оние луѓе кои се соочуваат со оваа катастрофа.

Новинар: Добро, сега ќе испратиме.

Сопственикот Саша Шотаровски вели дека неговата мајка го преживеала земјотресот во Скопје во ’63-тата додека била бремена, а земјотресот што ги погоди Сирија и Турција им ги вратиле страшните спомени. Разговарајќи како да помогне, ќерката на Саша ја предложила оваа идеја. Иницијативата ќе трае до сабота.

Дури и времето денеска беше во прилог на оваа иницијатива. Муштериите се редеа да седнат и да испијат кафе.

Други пак, организираат активности за собирање облека, ќебиња и хигиенски препарати, трети ги продаваат своите уметнички креации за потоа да ги донираат парите, а некои собираат пари./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button