ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Без Данела Арсовска нема вонредна седница за загадувањето

За вонредна седница на Советот на Град Скопје против загадувањето се чека барање пополнето со потписи од најмалку една третина од членовите на советот, како и мислење од градоначалничката. Претседавачот на Градскиот совет Трајко Славески, вели дека барањето на СДСМ содржи само 14 потписи, а став од Данела Арсовска сè уште нема.

Advertisements

Советниците на СДСМ кои побараа вонредна седница ги повикаа колегите од ВМРО и Арсовска, да ги прифатат предложените мерки за ублажување на состојбата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека она што СДСМ го бара е дело на Арсовска, а предложените мерки ги нарекуваат популизам.

„Додека СДС прави политика, скопјани се дават, а ДУИ, Левица и СДС ги полнат џебовите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ побара зголемување на бројот на автобуси на сите линии, бесплатен превоз, прераспределба на буџетски пари за справување со аерозагадувањето. Финансиска помош за училиштата за прилагодување на системот за греење на еколошки форми. Изработка на план за чистење на сите депонии во Скопје. Чистење и миење со цистерни и интензивно постапување на инспекторите.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button