ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Без епилог средбата во Рим меѓу премиерите Ковачевски и Петков
Без епилог средбата во Рим меѓу премиерите Ковачевски и Петков

Без епилог заврши попладнево средбата во Рим меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. За медиумите Ковачевски само изјави дека состанокот бил конструктивен и оти разговорите со Бугарија за блокираните евроинтеграции ќе продолжат. Тој нагласи дека договор ќе има кога на маса ќе се дојде до заеднички прифатлив документ.
Запрашан за дипломатските и политичките последици ако и во јуни остане во сила бугарското вето за старт на пристапните преговори, Ковачевски одговори дека не сака да се врзува за датуми./Алсат.мк
Адриан Керими