ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕЗ ГАЈЛЕ – по гласањето училиштата и градинките се дезинфицирани

Еден ден по завршувањето на вториот круг од изборите, училиштата извршија дезинфекција на просториите кои беа користени како избирачки места. Учениците нормално и без проблеми денеска имаа настава, а исто беше и низ градините. Од ОУ „Пенко“ во Чаир велат дека училниците се безбедни и оти процесот на дезинфекција го спровеле вработените во училиштето веднаш по затворањето на избирачките места.

Advertisements

„Во нашето училиште 9 училници беа користени како избирачки места…. Вчера веднаш по затворањето на гласањето беше извршена дезинфекција во сите училници. Дезинфекцијата меѓу две смени и долгиот одмор е задолжителна поради пандемијата. Уште кога почнавме да предаваме со физичко присуство, тоа е задолжително.“

   Дезинфекција на избирачките места се врши пред и по изборниот процес. Здравствените протоколи предвидуваа и други мерки за заштита на здравјето на членовите на изборните комисии, гласачите и набљудувачите. Иако беше неопходно почитување на растојанието, дезинфекција на рацете и носење маска, овие мерки честопати не беа почитувани за време на гласањето вчера.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button