ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Без кривична за насилниот обвинител, ЈО: Нема основа за постапка

Обвинителството тврди дека полицијата до нив нема испратено ниту известување ниту кривична пријава за обвинителот од скопското обвинтелство кој физички нападна жена на 10 – ти март. Обвинителството за Алсат тврди дека усмено од МВР било известено дека 40 годишната жена која беше натепана поднела само поплака, но не и пријава до полицијата. Дополнително, МВР известило дека против обвинителот не е поведена ниту прекршочна постапка и затоа немало основ обвинителот да понесе одговорност.

Advertisements

„Што се однесува до основите за дисциплинска одговорност на јавниот обвинител, до овој момент нема основ за поведување на дисциплинска постапка“, велат од Обвинителство.

Направивме проверка на тврдењеата на обвинителството. Прашавме во полиција, дали за настанот на 10 – ти март добиле само поплака или пријава. Од МВР, контра обвинителството.

„За предметниот настан евидентирани се вкупно три пријави и за секоја од нив од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи Центар и Бит Пазар превземени се сите мерки и активности согласно овластувањата, извршен е разговор со сите страни вклучени во настанот, за што е изготвен службен материјал и врз основа на позитивните законски прописи соодветно се постапува“, МВР.

Полицијата вели дека постапува за случајот. Дури ја поучиле тепаната жена дека може да го гони обвинителот кој ја нападнал во граѓанска постапка. Дека скопјанката пријавила насилство во полиција, а не само дека поднела поплака како што велат од Обвинителството, сведочи извадокот од евидентирани настани од 10 – ти март.

„ Според пријавата од пријавителката, М.М. најпрвин започнал вербална расправија со неа, по што физички ја нападнал и и се заканувал нејзе и на нејзиниот сопруг. Со лицата бил изврешен разговор во полициска станица. Се работи на расчистување на настанот“, МВР.

Причина зошто 40 годишната скопјанка била нападната е нејзиниот малолетен внук. На 10 – ти март и се јавиле социјални работници, дека детето е само дома без родителска грижа. Таткото не бил дома, а мајката е почината. Но таткото пристигнал со двајца адвокати, а се појавил и обвинителот кој ја нападнал тетката на детето која го нема видено внукот од кога се случил насатанот. Обвинителството нема да поведе дисциплинска постапка против обвинителот, иако и министерот за правда побара да се расчисти случајот. Инаку, критики на адреса на обвинителството пристигна и од Стејт Департментот кој во извештајот нотираше дека обвинителите не понесуваат одговорност за долгите истраги кои ги влечкаат со години.

Бојан Стојановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button