МАКЕДОНИЈА

Без струја утре дел од корисниците на Карпош, Кисела Вода, Центар и Чучер Сандево

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците на Карпош, Кисела Вода, Центар и Чучер Сандево. Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош. Од 08:30 до 15 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од улицата „Банско“, дел од улицата „Кратовска“, дел од улицата „Рилски Конгрес“ од бр.50 до бр.57. , додека од 08 до 17 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Петар Драпшин“, „Лав Толстој“, „Добромир Хрс“ и „Ефтим Спространов“ во Кисела Вода.

Advertisements

Во периодот од 08 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците 164 и 163 во населбата Крњево во општина Центар.

Од 09.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Кучевиште кон манастирот „Св.Архангел Михаил“, во општина Чучер Сандево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button