ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Без вода дел од корисниците на улица „Димо Хаџи Димов“ во Кисела Вода

Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од ул.„Димо Хаџи Димов“ во Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот во водоснабдувањето, како што се посочува, е уличен дефект ф 100 мм на ул.„Димо Хаџи Димов“ бр.111а, и ќе трае до санирање на дефектот.