
Без вода денеска ќе бидат улиците „Методија Шаторов Шарло“, „Фрањо Клуз“ и „Пандил Шишков“ во Аеродром, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица „Методија Шаторов Шарло“ 20, до гимназијата, и ќе трае до завршување на дефектот.