ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Без вода утре повеќе улици во Козле

Дел од улица „Козле“, дел од „Јуриј Гагарин“, „Струшка“, „Мокра“ и „Кораб“ утре ќе бидат без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето, кој започнува од 9 часот, е поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на улица „Козле“ раскрсница со „Кораб“ и ќе трае до завршување со санацијата на дефектот.