ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“, полициска операција против подземјето

Нема да има повеќе банди кои под изговор дека ја чуваат безбедноста на бизнисите, дискотеките и кафеаните го окупираат главниот град и вршат криминални активности директно поврзани со подземјето. Со ова мото, најмалку 1 месец во Скопје патролираат екипи составени од различни полициски единици со оперативен и детален план за следење, интервенција и преземање конкретни мерки против одредени криминални елементи кои дејствуваат во главниот град.

Advertisements

АЛСАТ дознава дека од првиот безбедносен аларм во земјава минатиот месец, бил подготвен план за силен удар врз сите елементи на подземјето, кои сеат страв, мамат и изнудуваат пари од сопственици на продажни места, продавници, бизниси, дискотеки исл. Според извори на АЛСАТ, акцијата е со кодно име „Безбеден град“  додека полицијата изготвила список со имиња на лица кои ќе бидат под зголемено внимание на полицијата за внимателно чќе им се следат потенцијалните активности поврзани со криминал.

Од оваа координација, според планот, комбинирани се специјалните единици, ТИГРИ, Единицата за брзо распоредување-ЕБР, сообраќајната и интервентната полиција за да соработуваат не само при обработката на податоците, туку и при интервенциите во неопходните сомнителни случаи и неутрализација на елементи кои ја загрозуваат јавната и приватната сопственост.

Во некои случаи, операциите завршиле со спречување на акти на насилство и масовни закани по животите на луѓето. Како што дознава АЛСАТ, во една од дискотеките на истокот на главниот град дошло до приведување на криминалци, рекетари и дилери на дрога, од кои повеќето веќе имале криминално досие.

Извори на АЛСАТ велат дека планот ќе продолжи да биде активен, а полицијата нема намера да се откаже кога е во прашање безбедноста на граѓаните и на главниот град, па дури ги повикува граѓаните да пријават и да соработуваат со органите на редот.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button