ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Безживотно тело пронајдено на стариот пат Охрид – Струга

Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга. Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.

Advertisements

Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button