Сите бугарски барања влегуваат во преговарачката рамка? Детали од средбата на коалициските лидери на владата во Бугарија

Во вест објавена од бугарската агенција, на БГНЕС, посвегтена на средбата на Петков и коалициските партнери се вели: Планот на Макрон е Франција да биде гаранција, а „француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања“.
Во текстот на БГНЕС уште се вели дека Макрон ќе претстави некој рамковен текст, кој треба да биде гаранција за Бугарија за да го подигне ветото. Според БГНЕС, Макрон ветил дека сите барања на Бугарија ќе бидат вметнати во преговарачката рамка.
Дополнително ќе се засили цензурата од страна на Бугарија за новинари, научници, историчари политичари и тоа од двете страни на границата!
„Ова практично значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да западнеме во децениски спор, бидејќи секоја од земјите-членки ќе може да блокира каква било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор и не сакаме турска верзија“, изјавил еден од учесниците за БГНЕС.
Целосна забрана за коментирање на Македонија
На крајот на состанокот беше донесена одлука во следните две недели „никој да коментира или да заземе став за прашањето за Македонија“. За ова прашање најмногу треба да молчат претставниците на МНР. Првите коментари треба да се дадат откако предложениот текст ќе биде силно објавен и силно поддржан од самото МНР. Во исто време, сите претставници на различните политички партии кои учествуваат во владата ќе тврдат дека „нема назадување по прашањето за Македонија и ќе бидат заштитени националните интереси на нашата земја“.