СВЕТ
Би-Би-Си: Норвешка ги реновира воените бункери од времето на Студената војна

Норвешка ги обновува своите воени бункери од времето на Студената војна поради тензиите со Русија и војната во Украина, јавува Би-Би-Си.
За потсетување, Норвешка, поради близината со СССР, изградила голем број воени бункери за време на Студената војна, од кои некои биле огромни тајни бази за авиони и бродови.
Во северна Норвешка, млазни ловци и нуклеарни подморници се скриени во планинските пештери.