Би можело ли да се очекува Алијанса наскоро да стане дел од владата, еве што вели премиерот Ковачевски

Алијанса за Албанците секогаш била за европска Македонија и евентуален влез на оваа партија во владата би значело и зголемување на сојузот на партиите коишто се за таквата интеграција, рече во вечерашниот разговор во емисијата „360 Степени“ на Алсат премиерот Димитар Ковачевски.
„До овој момент разговори за програмско и за кадровско усогласување со потенцијални нови партнери во владата нема дојдено. Алијанса за Албанците е една од политичките партии којашто го поддржа предлогот на ЕУ во однос на стартот на нашите преговори. Тие секогаш декларативно и практично докажувале дека се за интеграција на нашата држава во ЕУ. Едно такво проширување би значело зголемување на сојузот на политички парии коишто се за европска Македонија, истовремено тоа би значело поголемо изолирање на политичките партии кои се против ЕУ“, рече Ковачевски.