ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Библиотеката во Тетово има рок од три дена да се пресели

Министерството за култура е децидно за преселбата  на тетовската библиотека. Конечно, од таму побараа од Тетовската библиотека да формира комисија и да започне со селењето но вработените во библиотеката и директорот на оваа институција остануваат на ставот да не ја спроведат одлуката. На библиотеката во Тетово и остануваат уште три дена да ги ослободи просториите.

Advertisements

„Бараме и предлагаме Министерството да формира тим, да дојде во Тетово за да се запознае со просториите, бидејќи ги преместуваме овие полици и книги, ќе се отвори многу работа. Да беше поголем просторот, многу лесно ќе се преселевме таму. На раскрсница сме, како да излеземе одовде кога сум убеден дека ако тргнеме ќе останеме на пат“, вели Махи Муртезани, вработен во библиотеката.

Во меѓувреме, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека формираната комисија утврдила дека ќе се реновираат новите простории каде што ќе биде библиотеката. Според неа, преслебата ќе биде во истата зграда каде што моментално се наоѓа Библиотеката.

Инаку, тетовската библиотека веќе две децении работи со недостиг на основни услови за работа, како за изложување на книгите на полиците, така и за чување на архивата.Книгите се чуваат на несоодветен простор и повеќе од 50.000 наслови на книги се уништуваат секој ден. А, ако тоа не е доволно, во многу лоша состојба е и дневниот печат кој датира од 1940 година наваму. Од дирекцијата на тетовската библиотека, неколку пати било побарано од Министерството да обезбеди подобри услови, но Министерството донесе решение библиотеката да се пресели во простории кои според вработените се полоши од сегашните.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button