
Поради обилни врнежи на повеќе места низ Федерацијата Босна и Херцеговина, сообраќајот на одредени делници е во прекин.
Таков е случајот со Маглај, каде сообраќајот под градскиот мост е во прекин поради покачувањето на нивото на реката Босна.
Објавено е и портокалово временско предупредување за неколку области поради прогнозирани врнежи, вклучително и Сараево, Тузла, Ливно…
„Преземете мерки на претпазливост и следете ја моменталната временска прогноза. Очекувајте прекини во секојдневните рутини и бидете подготвени да ги прекинете активностите на отворено. Бидете подготвени да се заштитите себе си и вашиот имот Тешки услови за возење поради намалена видливост и неконтролирано движење на возилата поради вода“, наведуваат од Федералниот хидрометеоролошки завод.
Како што ни изјави Џавид Алиќиќ од Кантоналната управа за цивилна заштита на Зеничко-добојскиот кантон, ова е стандардна ситуација кога станува збор за обилни врнежи во области каде што има подвозници.