РЕГИОН
БиХ повторно е на црвената листа на ЕУ поради бројот на заразени со коронавирусот

Европската унија го укина статусот на Босна и Херцеговина како „безбедна држава“ во врска со патувањата за време на пандемијата на коронавирусот.
БиХ е последната земја во регионот што е отстранета од листата на „безбедни земји“ составена од Словенија, која претседава со Советот на Европската унија. „Безбедни земји“ се оние кои имаат до 75 заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, а според Министерството за цивилни работи на БиХ од пред седум дена, Босна и Херцеговина има повеќе од 200 заразени на 100.000 жители.