ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Биљал Касами ги обвинува СДСМ и ДУИ за поставениот крст на Шапка

Поставувањето на крстот на Попова Шапка го исценираа СДСМ и ДУИ за да ја дефокусираат јавноста од многу други прашања на локално и централно ниво. Ова е оценката на претставниците на Европскиот сојуз за промени кои велат дека не се против верските симболи, но нема да дозволат нивната злоупотреба да создава конфликти меѓу граѓаните. Запрашан зошто ги обвинува СДСМ и ДУИ, кога самиот тој е во локалната власт, градоначалникот на Тетово рече дека незаконското поставување на крстот го поддржала централната власт.

Advertisements

„ДУИ и СДСМ се во централна власт, тој џиновски објект не стигна со возила што не може да го пренесат. На Попова Шапка има две полициски станици, граничната полиција и генералната полициска станица. На Попова Шапка има две дирекции предводени од ДУИ, тоа се Национални шуми и ЕЛЕМ Ттурс која е државно претпријатие. Со оглед на тоа што медиумите кои се про-ДУИ, провладините медиуми го снимија моментот на поставување на крстот, наместо да дојдат во локалната власт за да се преземе нешто, наместо полицијата да го запре поставувањето на овој диво поставен објект, тие учествуваат во овој чин кој е спротивен на законот“, рече градоначалникот Касами.

Од Европскиот сојуз за промени ги повикаа сите надлежни институции да преземат мерки, да го тргнат крстот и да не се создаваат тензии меѓу граѓаните.

„Ги повикуваме Комисијата за односи меѓу верските заедници, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, поточно тетовската митрополија да преземат мерки согласно нивните овластувања и самите да го тргнат овој крст и да не дозволат религијата да стане алатка за создавање тензии меѓу нашите граѓани. Воедно го повикуваме Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам како надлежен орган да постапи што поскоро согласно своите обврски. Знаеме дека оваа институција е под раководство на ДУИ. Доколку не постапат ќе ги сметаме за партнери на молкот со македонските партии, прво со ВМРО-ДПМНЕ, а сега со СДСМ“, додава Касами.

Европскиот сојуз за промени потсетува дека и во минатото имало вакви сценарија и изградби на верски објекти без дозвола и без план и биле толкувани како провокации.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button