ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Билал Касами го исклучи Кастриот Реџепи од партијата!

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, преку статус на Фејсбук објави дека го исклучил од партијата и од сите партиски функции пратеникот Кастриот Реџепи.
Одлуката ја оправдува со вчерашниот случај кога споменатиот пратеник не се појави во Собранието и за рушење на власта, договорено во партијата. Според Касами, пратеникот Кастриот Реџепи со оваа постапка сериозно го оштетил Движењето Беса.