ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Биљал Касами: „НЕ за уставни измени сè додека…“

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, вели дека пратениците на неговата партија нема да гласаат за уставните измени се додека власта не го прифати нивниот услов за отстранување на 20 отсто од највисокиот правен акт. Во интервју за Радио Слободна Европа, Касами вели дека од оваа позиција не отстапуваат ниту другите партии од опозицискиот фронт.

Advertisements

„Не. Сè додека власта не е заинтересирана да го чуе нашиот глас, ние нема да гласаме за уставните измени. Нашиот став е јасен. Како движење упативме официјално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да се вклучи и промената на формулацијата за албанскиот јазик, од „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ да се замени со формулацијата „албански јазик“. Власта не чувствува ни најмала одговорност да ја внесе во процедура без да има обврска во Собранието да ги обезбеди нашите гласови“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button