ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Биљал Касами: Соработка со „огнените“ само ако се отцепат од ДУИ

Огнената група во ДУИ би била поприфатлива за соработка со Движењето Беса само ако одлучат да се отцепат од ДУИ и ако формираат нова партија. Ова го изјави првиот човек на Беса, Биљал Касами во интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Касами додава дека со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка. Целосното интервју во „Патот кон“ ќе можете да го погледнете вечерва во 22:20 часот на Алсат.

Advertisements

„За нас би било добредојдено ако конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија и да седнат заедно и да направат проширена опозициска коалиција, тие, Алтернатива, со други партии, со други групи, со интелектуалци и други опозициски фактори од граѓанскиот сектор за кој сме заинтересирани и подготвени да подадеме рака за соработка на секоја политичка сила со која оценуваме дека на албанските гласачи ќе им дадеме оценка дека се надминавме себеси и оти сме подготвени да формираме победничка сила со што ќе гарантираме дека нивниот глас нема да оди залудно“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button